СДСМ: Неспособноста на власта да се справи со листеријата е повеќе од очигледна

Од:

„Неспособноста на власта да се справи со листеријата, да го открие изворот и да ги заштити граѓаните е повеќе од очигледна.

Граѓаните дополнително се збунети поради несериозното однесување на државните институции овие денови. Една институција вели дека според лабораториско испитување и анализи нема листерија, а друга пак вели дека листеријата е присутна.

Една институција вели дека е направена супер анализа а друга дека не е направена. Целосна хаотична состојба а се работи за здравјето на луѓето. Постојат ли во Македонија државни институции кои ќе ги дадат вистинските одговори кои ги очекуваат граѓаните?

Над граѓаните на Македонија останува се уште да виси сомнежот и стравот поради опасната бактерија. Со месеци надлежните институции не можат да дадат конкретен одговор.

Добро е што сега власта, иако срамежливо, сепак најавува дека е расположена да го прифати предлогот на СДСМ и да ги испрати мострите во странство, на соодветна експертиза. Повикуваме тоа итно да се направи и јавноста да ги добие одговорите навреме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела