СДСМ: Неспособноста на директорот на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка испливаа на површина

Од:

Наместо Новогодишните и Божикните празници да претставуваат радост, среќа и веселба во секој дом, тие за поголем број на кривопаланечки семејства се претворија во борба за опстанок и преживување.

Имено поголем број на населби во општината за новогодишните празници веќе неколку дена се без вода за пиење, а за Божикните празници градските улици и тротоарите останаа неисчистени од врнежите од снег. Приградските населби кои се наоѓаат на само неколку минути од градот се целосно завеани и непроодни, а граѓаните со право реагираат и негодуваат, реагираат од СДСМ.

Неколку села од кривопаланечкиот крај со високите навеви на снег се отсечени од цивилизација и немаат можност за дотур на храна и основни животни намирници. Во најголемиот број на случаи се работи за старо и изнемоштено население кое има потреба од континуирана медицинска помош. За жал сите нивни повици останаа залудни, а неколку стотици лица се препуштени самите на себе.

Неодговорноста, неспособноста и недомаќинското работење на првите луѓе на градот и директорот на Јавното комунално претпријатие Томе Тодоровски испливаа на површина. Само како потсетување ова е истиот оној директор, кадар на ВМРО ДПМНЕ, за кој неодамна реагиравме дека се расфрлал со парите на граѓаните. Истиот тој со пари од јавното претпријатие купуваше фенови, пегли за коса, Мемори Дипломат душеци, правеше гозби по ресторани и кафеани.

Како тоа тој до пред неколку месеци се расфрлаше по ресторани и кафеани, а сега како фирма која е одговорна и задолжена за снабдување на градот со вода за пиење и за зимско одржување на локалните улици и патишта во градот го нема никаде, молчи и се крие.

Кој ќе ја понесе одговорноста за оштетената водоводна инсталација, направените штети по домовите?

Како тоа наместо со механизација работниците расфрлаат сол со голи раце.

Морална одговорност и оставка од ваков човек немаме намера да бараме. Очигледно тоа се непознати појмови за него.

Она што најмалку може да го направи директорот Томе Тодоровски, е да излезе и да им објасни на граѓаните како тоа се зема тендер за зимско оджување на улици и патишта без механизација и со само еден трактор.

Каде и во која кафеана се потрошија парите од добиениот тендер кога ова е првиот снег сезонава.

Граѓаните револтирани велат дека напролет на локални избори поради ваквиот неодговорен, игнорантски и нечовечки однос казната ќе биде уште поголема и од парламентарните избори кои завршија во декември со што ќе му стават точка на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и на ваквите неспособни и неодговорни партиски кадри, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он