СДСМ: Неспособност, ВМРО-ДПМНЕ на грбот на граѓаните товари 16 милиони евра долгови

Од:

„Неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со задолжувања на општините на грбот на граѓаните товарат милионски долгови. Иако пред година и половина наследија полни општински каси, градоначалниците на Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп преку обврзници ќе ги задолжат своите граѓани за над 16 милиони евра“, соопшти СДСМ.

„Општинските обврзници може да ги купи секој, па и големи компании, а тоа носи ризик од влијанија врз работата и одлуките на градоначалниците и Советите.

Не е познато за што ќе ги трошат парите, колку време ќе се отпаќаат долговите и колкави се каматните стапки.

Ова е продолжение на добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ за скапи и нетранспарентни задолжувања, која прави голема штета за општините и граѓаните.

Граѓаните им ја дадоа довербата да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветувањата, а добија долгови што ќе ги исплаќаат со години, поскапи комунални услуги, нефункционални и партизирани општини.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како најнеспособни и најнекомпетентни досега“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он