СДСМ: Неспособниот Мицкоски нема визија ниту план, тој е дел од темното минато

Од:

„Неспособниот Мицкоски нема што да понуди пред граѓаните освен деструкција и протести за одбрана на криминалите на неговиот ментор Никола Груевски.

Мицкоски нема визија за иднината на државата, нема ниту план, нема идеја за најважните прашања.

Граѓаните го гледаат сето тоа, ја гледаат разликата помеѓу неспособниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една и одговорната Влада предводена од СДСМ од друга страна.

Од едната страна СДСМ има јасен план, државата е ставена на шини што водат до просперитет, а тоа е членство во НАТО и ЕУ,преку договорот од Преспа. Од другата страна се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со нивната безидејност, противење на западните вредности и отсуство на каква било идеја за тоа по кој пат треба да се движи Македонија.

Од едната страна светла иднина и јасна перспектива – од другата магла и темнина.

Од една страна е антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ги бранат криминалните политики на рекет и драконски казни што ги осиромашија граѓаните. Од друга страна СДСМ создава можности, ги намалува казните за 75%, обезбедува инвестиции и повеќе пари кај граѓаните.

Граѓаните ги поразија црните, деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата