СДСМ: Сител манипулира за исклучување од Социјалистичката интернационала

Од:

Присуството на делегацијата на СДСМ, предводена од лидерот Зоран Заев, на Конгресот на ПЕС и изразената силна меѓународна поддршка за опозицијата во враќањето на слободата, демократијата и европските вредности очигледно предизвикува огромна вознемиреност кај Никола Груевски.

Нервозата кај Груевски е видлива по нарачките на конструкции и невистини во провладините медиуми.

Веста објавена на Сител телевизија, за исклучување на СДСМ од Социјалистичка интернационала (СИ), наводно поради конструираниот случај Пуч, е неточна и контрадикторна конструкција на власта. Дури и самиот автор на текстот ја демантира оваа лага на крајот од текстот кадешто е наведено дека полноправното членство на СДСМ во Социјалистичката интернационала всушност престанало во 2013 година.

СДСМ во рамки на своето дејствување на меѓународен план се определи за Прогресивната алијанса (ПА). Прогресивната алијанса е нова асоцијација во која членуваат сите големи и значајни социјалистички и социјалдемократски партии, со кои СДСМ тесно соработува (СПД-Германија, британската Лабуристичка партија, француските социјалисти, Демократската партија од САД итн.). Впрочем, СДСМ има и место член во Бордот на Прогресивната алијанса.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот