СДСМ: Неплатениот данок и кривичните пријави против нивните функционери докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за граѓаните

Од:

„Кривичната пријава против крадоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев е уште еден доказ за криминалното, коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Со кривичната пријава против Чадиев, кривичната пријава против Миле Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, секојдневно се зголемува бројот на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевски и работеле криминално и против интересите на граѓаните.

Освен градоначалниците и поранешните министри од ВМРО-ДПМНЕ, целата партија работела спротивно на интересите на граѓаните и државата. Доказ за тоа е фактот што ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија што не платила данок за претходните парламентарни избори со што оваа партија не ги исполнила обврските кон државата.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина мислеше на граѓаните, нејзините градоначалници немаше да ги осиромашуваат граѓаните.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина мислеше на државата, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш партијата ќе платеше данок како и секое друго физичко и правно лице во државата.

Долгот кон државата и крививчните пријави против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ најдобро докажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е опозиција и затоа убедливо ќе ги загуби локалните избори на кои граѓаните ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан