СДСМ: Неодговорните и недемократски политики на ДПМНЕ и нанесуваат непоправлива штета на Македонија

Од:

ВМРО ДПМНЕ и понатаму се обидува своите катастрофални политики на изолација и бесперспективност да ги оправда преку барање на виновници и сеење на магла и лаги, велат од СДСМ.

„Власта која нема одговор на ниту едно од прашањата кои си ги поставуваат македонските граѓани одбира да лаже за тоа кој навистина го влошува имиџот на Македонија и ги нарушува нашите позиции во спорот со Грција околу нашето уставно име. Вистината е дека токму неодговорните и недемократски политики на ВМРО ДПМНЕ и нанесуваат непоправлива штета на Македонија.

– И нанесува непоправлива штета фактот дека во Македонија секоја година тонат, на сите објективни листи, медиумските слободи.  Се затвараат медиуми, се ограничува слободата на изразување. На Македонија и причинува ненадоместлива штета фактот дека судовите носат одлуки по партиска мерка, дека највисоката сиромаштија во Европа е регистрирана овде, токму во Македонија. На Македонија и нанесе ненадоместлива штета дека власта, владата и претседателот на македонското Собрание наредија најдиректно да се крши македонскиот Устав и македонските закони, со исфрлањето и на опозицијата, меѓутоа и на новинарите од законодавниот дом.

– Ова се работите коишто постојано ја поткопуваат македонската преговарачка позиција. Ова се работите коишто Македонија секојдневно ја кочат во нејзиниот оправдан пат кон европско членство и членство во НАТО. Сакаме воедно да ја потсетиме така наречената патриотска партија којшто сите ги обвинува дека недоволно ги бранат позициите на државата, помалку да ја брани државата на зборови, а повеќе на дела.

– Токму квази патриотите од ВМРО ДПМНЕ се согласиле нивната партија да биде примена во асоцијација на конзервативни партии – ЕПП, односно, до ВМРО ДПМНЕ да стои најлошата формулација за кратенка која било кога сме ја виделе – ФИРОМ. За разлика од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ во т.н. Социјалистичката интернационала е дефиниран како Социјалдемократски сојуз на Македонија“, се вели во реакцијата на СДСM на прес конференцијата на Влатко Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија