СДСМ: Нема реагенси за крвна слика, а власта ќе седи на мебел во кралско вино

Од:

Луксузите на власта на ВМРО-ДПМНЕ преминаа од барок во рококо, додека бедата на граѓаните ги преминува границите на издржливото, а тие заминуваат од границите на Македонија, реагира СДСМ.

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Емил Димитриев според последните најави ќе седат во Владата на мебел во рококо стил од времето на Луј XV, со перници со специјална мемори пена и пердуви, со маси во боја на кралско вино, на рачно изработени теписи платени со пари од граѓаните. Ова се случува додека граѓаните во Прилеп не можат да проверат крвна слика бидејки во прилепската болница нема реагенси. Во болницата во Штип нема тумор маркери за гради, матка и дебело црево. Намален е буџетот на Онкологија лани за цели 1.6 милиони евра. Цела година пациентите беа оставени без потребните цитостатици“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ информираат и дека од 26 антиепилептични лекови што се користат во светот, во Македонија има само 11, а 20.000 лица мака мачат да се снајдат со соодветни лекарства чија терапија во просек чини по 2.000 денари.

„Има проблеми и со набавките на неопходни лекови за деца, на Клиниката за детски болести. Пациенти соопштуваат дека набавките ги кочи економскиот директор. Тодоров најави дека бремените жени ќе добиваат бесплатни микробилошки услуги, но праксата покажува дека ниту една жена од социјално загрозените семејства од Шуто Оризари не ја искористила мерката, бидејки нема соработка меѓу социјалните служби и здравството. Власта на ВМРО-ДПМНЕ се префрли од Никола на Емил и од 17 во 18 век.
Но, во 21 век во Македонија деца умираат од срушени тавани во трошните куќи на сиромашните семејства. Луѓе умираат од глад. Над 180.000 граѓани преживуваат на вода со по 40 денари на ден. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. 626.312 илјади граѓани заминале од Македонија по егзистенција“, вели опозицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски