СДСМ: Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, тие се против Европа

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, под заложништво на Левица, се против сите стратешки одлуки, против Европа и европскиот пат на државата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ. Напротив, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, ширеа хистерија, организираа насилни протести“, велат од СДСМ.

„Заедно со својот коалициски партнер Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи, туку напротив, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет.

Не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа и се против членството во ЕУ. Уште една потврда за тоа е што не делегираа претставници во работните групи.

Како што се однесуваа кога државата стануваше членка на НАТО, продолжуваат со деструкциите и за евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица е против секоја важна стратешка и државничка одлука.

СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена, ниту пак да се врати назад“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема