СДСМ: Нема оправдување за обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги закочат мерките што обезбедуваат квалитетен живот во Гази Баба

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту една лажна вест не може го сокрие фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на општина Гази Баба и дејствуваат спротивно на интересите на граѓаните.

Наместо да шират празни обвинувања, Тони Бојковски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на жителите на Јурумлери и околните места зошто советниците од опозициската партија не гласаа за изградба на нов систем за одводнување и пречистување на отпадни во ова населено место? Зошто спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, која е со важност до 11 март 2018 година и со која е предвиден приход од девет милиони евра?

Со таквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните, туку дека се грижат единствено за личните и партиски интереси. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да го закочат започнатиот реформи процес. СДСМ продолжува одговорно, отчено и домаќински да ги спроведува зацртаните мерки што и на централно и на локално ниво обезбедуваат капитални инвестиции, развојна инфраструктура и квалитетен живот за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?