СДСМ: Нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Незаконското прислушување на граѓаните и грубото кршење на нивните права беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ но тоа време заврши.

Денес човековите права и слободи се почитувани и гарантирани, нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните, а надлежните институции постапуваат независно и во служба на законите.

По јавно допрен глас, надлежните иснтитуции експресно реагираа и случајот со градоначалникот на Демир Хисар веќе се истражува низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде одговори на сите прашања, вклучително и на прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост и селективна правда заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски