СДСМ: Нема да дозволиме хаос со коридорите 8 и 10Д

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати заедно со проруската Левица водат хајка против делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел. Реализацијата на најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, покрај унапредување на безбедноста во сообраќајот, ќе обезбеди најмалку 600 милиони евра за домашните компании, пристап до две нови пристаништа Драч и Бургас, раст на БДП, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги чини граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубено време.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект за изградба на паневропските коридори да биде завршен и побрзо и поевтино“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел