СДСМ: Нема да дозволиме граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел. Со денови ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега од партијата на Христијан Мицкоски со денови молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува“, велат од СДСМ.

„Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.

Тоа покажува едно, дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата, за изградба на 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д.

Со заокружувањето на овие коридори, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот што отвора нови потенцијали за економијата и нови и добро платени работни места за граѓаните.

СДСМ нема да дозволи граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема