СДСМ: Нема да биде нарушено исплаќањето на социјалната заштита

Од:

„Денеска продолживме со серијата на средби со различни чинители во државата кои што им го презентираме нашиот План за штедење во 2013 година. Денеска разговаравме со здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Имаше многу продуктивна дискусија, се поставија различни прашања“, рече доц. д-р Драган Тевдовски, член на Извршен одбор.

Заклучокот од дискусијата е следниот: Со Планот за штедење придобивките ќе бидат двојни. Од една страна воопшто нема да биде нарушено исплаќањето на социјалната заштита, односно, апсолутно ќе има пари за социјална заштита во Буџетот за 2013 година, а од друга страна нема да се ставаат дополнителни тегови на оние пари на Буџетот кои што се однесуваат на социјално најранливите категории на граѓани, односно со заштедите нема да се поставуваат нови долгови кои што ќе треба да ги враќаат идните и сегашните генерации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски