СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи груб и срамен удар врз културните работници токму во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Наместо со зголемени плати, како што беше договорено со колективниот договор од 2021 година, вработените во културата празниците ги дочекаа без плата.

Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“.

Ваквиот однос покажува целосна незаинтересираност на Владата за оние што ја носат културата на грбот.

СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков ако не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка.

Културните работници не се статисти во општеството. Тие создаваат вредности, чуваат традиција, ја градат колективната свест. И заслужуваат третман со достоинство, а не молк, навреди и игнорирање, реагираат оде СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

САД и Македонија потпишаа договор за реципрочна и фер трговија

Горан Наумовски