СДСМ: Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спаси криминалците

Од:

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спаси криминалците, ги спречивме, опозициската партија призна дека аболицијата на Иванов е ништовна и незаконска, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спасат криминалците од своите редови.

Се докажа уште еднаш дека зад иницијативата пред Уставниот суд, како и зад целата незаконска аболиција на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па наваму тврди дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член.

Денеска, на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член.

Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна.

Денеска тоа го призна и ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се нивните обиди преку лице обвинето во предмети на СЈО да се обидуваат да го дефокусираат вниманието од нивниот неуспех да ја оживеат незаконската аболиција.

Со затворањето на нелегалната аболиција на Иванов, се отвора простор реформите во правосудството да продолжат.

СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски