СДСМ: Не се работи за нови вработувања, туку за обновување договори

Од:

„Партизиција на администрацијата и масовни вртаботувања заради партиски потреби во изборни цели беше одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Според јавно достапните информации, не станува збор за никакви нови вработувања како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку се работи за обновување на договорите на веќе вработени лица кои што во овој период се истечени и потребно е нивно продолжување.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешниот реформски процес во администрацијата што обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции киоишто работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии или поединци“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни