СДСМ: Не само од Талир 2, ВМРО-ДПМНЕ да ги врати кај граѓаните сите украдени пари

Од:

Случајот Талир 2 е последната потврда за криминалот од епски размери на ВМРО-ДПМНЕ. Талир 2, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк се случаите каде низ судска постапка е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, а во постапка се и неколку други предмети велат од СДСМ.

– Додека за 11 години граѓаните тонеа во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ незаконски градела луксузно опремен дворец и купувала простории во триесеттина градови низ државата. Наместо да го брани криминалот на свои функционери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги врати украдените пари не само од случајот Талир 2 туку и сите други украдени пари. И покрај бројните пресуди за докажан криминал, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е криминална партија која работи на штета на граѓаните се вели во соопштението во СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?