СДСМ: Не е 1903, во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се криминалци, Манифест не помага

Од:

„Волјата на мнозинството граѓани е промени, правда и квалитетен живот во едно општество за сите. Гласот на граѓаните изразен на кредибилни избори никој нема право да го спречи. Формирано е на демократски начин парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија и тоа е единствениот валиден документ за граѓаните. Следува трансфер на власта на мирен начин што никој нeма право да го спречи.

Денес е 2017, не 1903. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е составено од кримималци кои бараат спас за сопствената кожа. Спасители на државата се граѓаните кои избраа промени.

Затоа таканаречениот Манифест на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго туку неуспешен обид за враќање во политичкиот живот на дефакторизираниот Груевски.

Јасно порачавме, нема никакви преговори за амнестија!

Македонија ќе биде правна држава. Сите кои направиле криминал и злодела врз граѓаните ќе одговараат.

Доаѓа нова реформска Влада којашто носи живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ