СДСМ: Наводните скандали на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје се исчадени петарди во нивните раце

Од:

„Големи се фрустрациите во ВМРО-ДПМНЕ од успешното раководење на Град Скопје од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов па затоа не престануват да измислуваат непосточеки контрукции и измислици“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ обвинува за наводни скандали кои се ништо друго освен исчадени петарди во нивните раце, наспроти бомбастичните скандали што секојдневно ги приредуваа со проектот Скопје 2014.

„Денеска ВМРО-ДПННЕ обвинува за тендери за стотина илјади евра за опрема за пожарникарите, а тие суми ги трошеа без тендер и со анекси секојдневно за стиропорни ѕидови, барокни канделабри и кич скулптури додека градот го раководеше Коце Трајановски.

Разликата е што нови чизми и ХТЗ одела мора да се набават за „хероите на градот“, и за тоа нема компромис, а барокни карусели, фонтани од лажен мермер не мораа да се набавуваат, но се набавуваа за да се исполнат хировите и желбите на Никола Груевски. Во време на влaдеењето на ВМРО-ДПМНЕ имаше само за Сопје 2014, денес има за пожарникарите и за се што е важно за непречено функцинирање на Градот.

Да биде иронијата поголема, денеска ВМРО-ДПМНЕ обвинува за скандали иста компанија која во времето на Трајановски склучувала договори за набавка на опрема.

Ова е доказ за конфузијата, за изгубеноста што владее во ВМРО-ДПМНЕ, доказ дека освен за измислици и конструкции за ништо друго не знаат“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО