СДСМ: НАТО е реалност, стануваме 30-та членка, сработивме, тоа е прав пат

Од:

„По ратификувањето на протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД, нашата држава е де факто 30та членка на Алијансата.

25 земји членки го ратификуваа протоколот за пристапување, тоа е доказ дека реформите се препознаени, тоа е доказ дека државата со СДСМ е на прав пат.

НАТО не значи само безбедност и сигурност, НАТО значи нов раст на економијата која ја наследивме со минус 1.8 отсто, а сега имаме раст од 4.1 отсто, НАТО значи нови инвестиции, нови работни места, нов стимул дека сме на прав пат.

За разлика од периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата татковина е сега е на прав пат.

Цели 11 години државата беше игнорирана и изолирана, денес сме на пат кој води кон интеграција во најмоќните меѓународни сојузи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја