СДСМ: Наследникот на Никола, Емил на пердуви, граѓаните на вода

Од:

„И Емил Димитриев, како неговиот претходник Никола Груевски бил вљубеник во луксузот.

Луксузите на фамилијата продолжуваат, додека бедата на граѓаните се продлабочува.
Димитриев ќе уживал во стилот на Луј XV.

Премиерскиот кабинет на Димитриев ќе бил во масивно дрво со фотељи во боја на кралско вино! Никола уживаше во барок, а Емил премина на рококо.

Со Емил Димитриев, власта на ВМРО-ДПМНЕ зачекори од 17 во 18 век. A, во 21 век во Македонија деца умираат од срушени тавани во трошните куќи на сиромашните семејства.

Луѓе умираат од глад. Над 180.000 граѓани преживуваат на вода со по 40 денари на ден. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. 626.312 илјади граѓани заминале од Македонија по егзистенција.

Емил Димитриев може да се откаже од расипничките луксузи на грбот на граѓаните.

Но тогаш Димитриев не би бил верен наследник на Никола Груевски, кој замина од премиерската фотеља со неколку станови, милионски парцели на Водно, рајски фирми и бизниси.

Сега Владата ќе набавела канцелариски мебел, мебел за одмор на тераса, рачно изработени теписи, перници со посебна мемори пена и пердуви, трпезариски маси, како што е наведено во тендерската спецификација, во рококо стил од времето на владеењето на Луј XV.

Новите луксузи на Емил и на власта ќе ги чинат граѓаните 52.000 евра. Граѓаните ставаат крај на ВМРО-ДПМНЕ што им одзеде 10 години живот.

Никола и неговите соработници ќе им вратат на граѓаните се што им одзедоа. Сите кои учествувале во злоделата ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он