СДСМ: Насилната власт и обвинетиот Груевски се исплашени од администрацијата што сакаа да ја сотрат!

Од:

 
Вработените во администрацијата нека бидат спокојни бидејки времето на закани, притисоци, бркања од работа завршува за 39 дена! Отпуштања во администрацијата нема да има! Доаѓа добар живот за сите граѓани независно од какви било различности.
 
Разбирливо неспокојни се обвинетиот Груевски и неговите соработници, кои со конструкции никако не можат да ја симнат од себе вината за злоделата што 10 години ги правеле врз граѓаните и за кои ќе бидат казнети на 11 декември од самите граѓани.
 
Знаат добро граѓаните и вработените во државните и јавните институции како министрите на Груевски нарачувале да им биде загорчен животот и да бидат преместени на работни позиции стотици километри оддалечени од нивните домови. Слушнаа луѓето лично од соработниците на фамилијата како вработените во администрацијата морале да гласаат со „триаголничиња“, за да не “летаат од работа“. Како требало да се “сотрат“ сите кои одбивале да извршуваат наредби за незаконски и криминални активности. Граѓаните слушнаа и за “влечењето за уши“,за желби на најблиските соработници на Груевски семејство да “заврши во ендек“, за плановите за одмазда дури и на семејството на Тоше Проески.
 
На 11 декември заминува насилната, неодговорна, лицемерна власт заедно со носителот Никола Груевски. Новата одговорна Влада што ќе ја добие честа да ја предводи СДСМ, заедно со граѓаните, со вработените во администрацијата, со младите, ќе го врати животот во Македонија! Тоа повеќе никој не може да го спречи, велат од СДСМ. 

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски