СДСМ: Нашата советничка група ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот на Ќосето

Од:

Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Градот.

Скопје две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.
Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он

Ковачевски: Опозицијата шири етнички тензии и нѐ враќа во 2001, демократска Влада на СДСМ направи голем исчекор во слободата на медиумите

Демократски сојуз: Ковачевски и Маричиќ водат партиска кампања со државни пари