СДСМ: Наместо со градинки, обвинетиот Груевски 10 години се бавеше со плацеви, тендери и провизии

Од:

„На денот кога СДСМ рамо до рамо со граѓаните крои план за подобра иднина за државата, обвинетиот Груевски панично продолжува да ветува нереални проекти, во кој ни тој самиот не верува. Како обвинето лице пред правосудните органи, Груевски веќе нема никаво право да одлучува за иднината на децата на Македонија.

Обвинетиот Груевски цели десет години одлучуваше за судбините на сите граѓани на Македонија, а резултатите од неговото владеење се крајно поразителни. Груевски ја имаше сета власт во свои раце да го реши проблемот со градинките, но тој сето време го посвети на коруптивни тендери, огромни плацеви и богати провизии. Лицермерно повторувајќи дека се грижи за семејствата, Груевски заборава да потенцира дека единствено се грижи за Фамилијата преку која ја урнисува Македонија.

Граѓаните одамна ја препознаа неискреноста и нечесноста на обвинетиот Груевски. За нив, тој е веќе прочитана приказна. Приказна која на 11 декември и дефинитивно ќе заврши.

По 11 декември СДСМ заедно со народот, исто како и денес, сплотено и сигурно, ќе започне со враќање на вистинските вредности. Децата и семејството ќе бидат нашиот врвен приоритет. Ќе ставиме крај на масовното иселување, на пренатрупаните градинки и руинираните училишта. Промените се случуваат, Македонија ќе биде посакувано место за живеење“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?