СДСМ: Наместо фабрикувани лаги за Ковачевски, Лефков да побара од Мицкоски струјата да ја даде бесплатно на граѓаните

Од:

Криминалното ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните дознаа за нивните милионски зделки од 136 милиони евра и се обидува да креира конфузија и преку фабрикувани лаги за претседателот Ковачевски да ја замајува јавноста и да дефокусира, велат од СДСМ.

„Очекувамe обвинителството конечно да покрене случај и да ги расчисти овој скандал од 136 милиони евра, но и сите претходни криминали на најбогатата партија во Европа ВМРО-ДПМНЕ која го има опљачкано нашиот народ за многу генерации нанапред.

Претседателот Ковачевски ниту е поврзан ниту на кој било начин влијае на работењето на компанијата која ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се бави со фабрикувани лаги за Ковачевски, Лефков да побара од Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бепслатно на граѓаните“ се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа