СДСМ: Наместо да помогнат во справување со кризата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против здравствениот систем

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост за здравјето на граѓаните и ја злоупотребува сериозната здравствена ситуација за дневно-политички поени.

Од ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на кризата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики за сите кои се борат со невидливиот непријател.

Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да одмагаат“, велат од СДСМ.

„Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска Банка со чии средства требаше да се опремат ковид болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна Комисија за заразни болести.

Додека сите се посветени во борбата против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски со лажни вести и ставови дека коронавирусот не опасен, ги саботира мерките за заштита на јавното здравје и ги збунува граѓаните.

Самиот Мицкоски не ги почитуваше мерките за заштита од коронавирусот, одеше по теретани и седеше во кафани, кога тоа беше забрането, а сега оранизира собири, со кои го загрозува здравјето на граѓаните, само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он