СДСМ: Наместо да лаже Груевски активната регистрација нека ја предложи во Собрание

Од:

„Нов дел од самонареченото мега интервју на Никола Груевски полно со нови лаги и нови фрустрации.

Граѓаните добро ги знаат шемите и договорите на Никола Груевски и Али Ахмети.

Прво, Груевски божем дава некаков предлог, секако во договор со неговиот партнер Али Ахмети, па потоа тој договор го опструириа или го руши токму Ахмети. Или обратно.

Тоа се доловите на Груевски и Ахмети. Така се блокираше и целосното поништувањето на срамната, незаконска и неуставна аболиција што по нарачка на Груевски ја испорача Иванов.

Груевски може да покаже јавно дека навистина се залагаат за воведување на активната регистрација, ама се плаши.

Еве, Собранието е свикано, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство, нека ги предложи и нека ги донесе потребните законски измени за да се воведе активната регистрација на гласачите.

Јасно е, Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, не е одвоена партијата од државата, срушена е техничката влада…само затоа што Никола Груевски бега од слобдни, фер, демократски и регуларни избори.

Тоа го покажа и интервјуто на Никола Груевски.

Знае и самиот Груевски дека ќе загуби на следните слободни, фер и регуларни избори“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот