СДСМ: Наместо да ја развива инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради модерна и квалитетна патна инфраструктура, но наместо тоа партијата реши криминално и расипнички да потроши стотици милиони евра на барок, лускуз, споменици, врби и тендери за сопствено богатење.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не ја разви инфраструктурата, туку остави пустош, а поради нивната неспособност и пропустите на започнатите проекти, државата и буџетот беа оштетени за стотици милиони евра, пари на граѓаните.

Очигледна е разликата помеѓу таквото расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ. Започнатиот сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци обезбедува развој на патната инфраструктура низ целата држава со што ќе се обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Никола Мицески, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски