СДСМ: Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе

Од:

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со фактот дека загубија и на претседателските и на предвремените локални избори, реагира СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

“На кристално чисти, фер и демократски избори, граѓаните кажаа НЕ на концептот на Мицкоски кој води назад кон изолација и темното минато на криминал и неизвесност.

Сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи позитивно го оценија изборниот процес и го пофалија професионалното и одговорно однесување на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ги остават надлежните институции да ја вршат својата работа. Времето кога им наредуваа на судовите и обвинителствата како да постапуваат заврши со нивното заминување од власт.

Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе и кај неговите деструктивни политики кои имаат единствена цел да го штитат криминалот на Груевски.

Државата тргна напред по вистински пат и враќање назад нема да има”, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?