СДСМ: Најпозитивниот извештај досега од ЕК, мотив за уште поголеми вложувања во европската иднина на земјава

Од:

„Најпозитивниот извештај за напредокот од Европската комисија и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ е едно големо признание за досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ, поддржани од граѓаните на нашата татковина.

Од „заробена држава“ за само 2 години со процесот на реформи Северна Македонија е „светол пример“ за целиот регион.

Во Извештајот е констатиран напредок во реформите во повеќе сектори.

Како што е нотирано во Извештајот, постигнат е добар напредок во реформата на разузнавачките служби, реформата на системот за следење на комуникациите, во соработка со НАТО и другите партнери.

Сега имаме модел и законската рамка за формирање на новата Агенција за национална безбедност.

Добар напредок е забележан и во спроведувањето на „Итните реформски приоритети” и препораките на Венецијанската комисија и Високата експертска група за системски прашања за владеењето на правото.

Ова се само дел од успесите во реформскиот процес што се нотирани во Извештајот од Европската комисија. Освен признание за сработеното значат и мотив плус за уште поангажирано да се вложиме во реализација на процесот на интеграција во ЕУ, во интерес на сите граѓани и европската иднина на земјата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски