СДСМ: Најостра осуда за инцидентот во Битола, сценаријата на Груевски нема да успеат!

Од:

„СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, во којшто се фрлени молотови коктели кон Музејот на Албанската азбука.

Очекуваме надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.

Предупредивме дека насилството и омразата поттикнати лично Никола Груевски и поддржани од Ѓорге Иванов водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и по Република Македонија.

Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите.

Оттаму, сценаријата што имаат за цел да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите – нема да успеат!

Во Македонија ќе има мирен трансфер на власта и нова, совесна, реформска Влада којашто ќе обезбеди стабилност и напредок на државата и на граѓаните.

Потпалувачите на конфликтите и нарачателите и извршителите на овие противуставни и противзаконски дела ќе одговараат!

Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокациите на исплашената власт во заминување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски