СДСМ: Најновите потези на Владата на Груевски водат кон нов хаос

Од:

„Воведувањето т.н државен испит и спорните измени на Законот за високо образование, без да се земат предвид ставовите на студентите, академската заедница и широката општествена јавност е класично насилие на власта на Никола Груевски.

Носењето на законските измени среде ноќ, во недемократска процедура, покажува колку се неискрени намерите на власта на Груевски, којашто поради суетата на премиерот ги доведува во прашање правата на студентите и професорите.

Предупредувавме дека отворањето факултети и во шупи низ Македонија е штетно, дека отворањето универзитети каде што ќе се стигне е ризично за квалитетот на образовниот процес – власта и тогаш насила ја спроведе својата намера.

Предупредуваме повторно, дека најновите потези на Владата на Груевски водат кон нов хаос што најдиректно ги тресе темелите на високо-образованиот систем.

Со законските измени, власта го загрозува уставно загарантираното право на студирање и прави упад во автономијата на универзитетите.

Порачуваме дека екстерното тестирање и во средните училишта и на факултетите ќе биде укинато, а сите кои сега го кршат Уставот ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ