СДСМ: Најлошото за македонскиот народ заврши со падот на режимот

Од:

„Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година со насилниот упад во Собранието.

Од тогаш, секој изминат ден е подобар од претходниот, бидејќи на патот по кој одиме заедно со граѓаните е патот напред.

Тоа е пат кој донесе членство во НАТО, кој ги врати слободата и демократијата, патот кој донесе повисока минимална и просечна плата и повеќе пари кај граѓаните, патот на локалниот и регионалниот развој на кои сведочиме во овие четири изминати години“, велат СДСМ.

„Ние, како одговорна државотворна партија, со сите сили туркаме напред кон подобра иднина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили кочат и се обидуваат да ја вратат државата назад, во темното минато на режимот на Груевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тие и натаму се најлошата политичка опција, заедно со нивниот неформален коалиционен партнер Левица.

Граѓаните да бидат спокојни, со многу работа, со отворени и отчетни политики и со нови големи сојузништва го носиме најдоброто за државата, ќе го обезбедиме најдоброто во секоја наша општина!“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба