СДСМ: Најголем штетник е оној што ја згази демократијата

Од:

Најголемиот штетник за Република Македонија е оној кој ја донесе срамната одлука за суспендирањето на демократијата во Република Македонија на 24-ти декември, 2012 година, кога на брутален начин беа исфрлени сите опозициони пратеници од пленарната сала и сите новинари кои присуствуваа на собраниската седница, се вели во реакцијата на СДСМ по изјавата на премиерот Никола Груевски во која тој вели дека Грците требало лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, да го прогласат за народен херој.

Такво кршење на Уставот и процедурите е незапаметено во историјата на плурална Македонија од страна на актуелна владејачка гарнитура.

Тој чин на газење на демократијата е најголемото одработување за интересите на сите оние кои се против интересот на Република Македонија и нејзините граѓани, се вели во крајот на реакцијата.

Инаку, само за појаснување, според праксата на европските држави, па и пошироко, за народни херои државите прогласуваат само свои граѓани, односно граѓани кои се државјани. Државите во Европа и Северна Америка имаат посебни одликувања наменети за странци. Исто така, барем според праксата во Европа и Северна Америка, народни херои државите прогласуваат за заслуги стекнати во време на војна или барем вооружен конфликт, но не и за заслуги стекнати во време на мир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции