СДСМ: „Најдоброто за нашата општина“, ги интензивираме теренските активности, остануваме со граѓаните

Од:

„Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе повеќе одлуки во однос на дејствувањето на партијата во наредниот период.

СДСМ уште од оваа недела започнува интензивни секојдневни теренски активности, на кои ќе даде отчет за сработеното на локално и на централно ниво за секоја општина и од граѓаните ќе побара предлози и идеи кои би биле внесени во изборните програми на следните локални избори“, информираат од СДСМ.

„Под слоганот „Најдоброто за нашата општина“, од утре, 10 јуни, до крајот на јули, ќе одржиме околу 250 маалски и урбани средби со претставници на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде низ државата.

Ќе се одржат дополнителни 750 средби на локално ниво на коишто се приклучуваат и градоначалници, пратеници и други партиски функционери на СДСМ.

Во рамки на овие теренски активности ќе се одржи Караван од 15 граѓански трибини, кој тргнува в петок, на 11 јуни, од Скопје.

Истовремено започнува инклузивна, отворена, демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници на СДСМ за локалните избори.

Секој кандидат треба да изработи и да достави детална програма со предлог идеи, проекти и визија за развој на општината или градот Скопје за периодот 2021-2025 година.

Во делот на кандидатите за советници се вградени нашите вредности и политики, застапеност на двата пола со 50%, најмалку 33% млади и концептот едно општество за сите.

На седницата на ЦО беше донесена одлука за премин во штапско работење, а за шеф на Републичкиот изборен штаб е избран генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

И на овие локални избори, СДСМ ќе излезе со чесна понуда која што носи најдобро за секоја општина, за секое населено место.

СДСМ е најсилната, најмоќната, најразнолика и најорганизираната партија во земјава и тоа ќе го покажеме и потврдиме уште еднаш“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба