СДСМ најави изградба на нов клинички центар

Од:

СДСМ најавува изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје.

-Ќе обезбедиме висококвалитетни услуги за сите луѓе во Македонија. Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани, соопштуваат о

Вие граѓаните така избравте и наша задача е тоа да го направиме. И ќе го направиме.

Заврши времето на лаги на досегашната власт. Меѓу најголемите лаги е најавата дека до 2 јануари 2017 годиниа, Скопје и Македонија ќе добијат нов Клинички центар.

Денеска е 2 јануари 2017. Нов Клинички центар во Скопје нема. Од ветувањето лично на Никола Груевски кој со Никола Тодоров на 2 јануари 2014 се шеташе покрај поставените тараби во Клиничкиот центар во Скопје, денес реалност се се уште само тарабите.

Ја нема ни ветената Клиничка болница во Штип, најавената реконструкција на болница во Струмица, во лоша состојба се болниците во Прилеп, Охрид, Битола и речиси сите здравтсвени домови низ земјава во коишто нема основни услови за функционирање.

Ние, како што се обврзавме во Планот за живот што го поддржавте, освен изградба на нов Универзитетски клинички центар во Скопје, ќе се спроведеме и темелно реконструирање и опремување на сите клинички болници низ Македонија.

Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно здравство.

Доаѓа живот. Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски