СДСМ: Над 55.000 евра месечно ги чини граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Само за основните плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно. Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така врз грбот на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги добиваат од граѓаните.

Наместо да ги заработат тие не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат и прават штета на граѓаните кои ги плаќаат.

Граѓаните не ја дале довербата на пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони кога веќе решиле намерно да не работат.

Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

Ова пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е најдеструктивната пратеничка група која работи исклучиво на штета на граѓаните и државата.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и ќе ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела