СДСМ: Над 100.000 граѓани заложници на хировите на Арсовска, мостот на булеварот АСНОМ се уште не е во функција

Од:

Над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром, Гази Баба, со месеци се заложници на хировите на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција рече на прес конференција советничката во Град Скопје од СДСМ Ренат Јајоска.

– Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ, од исклучително значење за намалување на сообраќајот, олеснување на комуникацијата на граѓаните во овој дел од градот. Веќе е направен технички прием на мостот, но никако да се стави во употреба. Дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник? Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи. Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска. Арсовска треба да ја надмине својата суета, бидејќи се работи за голем и значаен проект за граѓаните. Мостот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град вели Јајоска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски