СДСМ: Над 1,2 милиони евра народни пари за партиски вработувања е неодговорно аздисување на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Крајно неодговорно и расипнички е во време на најголема глобална криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба да потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања“, соопштува СДСМ.

„Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.

Истите тие градоначалници бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со радикализација, а трошат илјадници евра на скапи компјутери и телефони, на чоколади и сокови.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со овие 1,2 милиони евра може да се реализираат важни проекти, може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во време на криза.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ приритет им е партизацијата на општините, наместо потребите на граѓаните.

Мицкоски за ова адисување молчи, не собра храброст јавно да ги повика своите градоначалници да прекинат со трошење на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа стара нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски