СДСМ: Началникот во Демир Хисар мора да одговара кривично

Од:

Откако цели два дена им требаше на МВР да ги видат снимките кои целата јавност ги виде, под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно. Добро е познато дека на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот началник, кој е унапреден уште првиот ден кога Тошковски ја презема функцијата во МВР“ реагираат од СДСМ.

Од партијата велат откако е јасно признаена вината од МВР, сега нема ниеден изговор уште денес да не се поднесе кривична пријава и да се процесира насилникот. Ако тоа не го направи ОЈО и продолжи да калкулира, ќе биде јасно дека го штити началникот, а со тоа и Тошковски. СДСМ располага со низа скандали за истиот човек, кои ќе бидат објавени, како и за други раководни лица на Тошковски, кои се срам за македонската полиција“.

Сега станува и се појасно зошто Тошковски сака измени на Законот за полиција, со кој скандалозно се предвидува ваквите началници кривично да не одговараат. Јасно е дека целта е партизација, а потоа и заштита на извршните функционери во МВР кои ќе се силат и ќе заплашуваат во служба на ДПМНЕ. СДСМ нема да престане да бара одговорност за крај за Мартиновски, а Тошковски треба да се повлече конечно, затоа што полицијата никогаш повеќе не била понижена, а системот уништен заради потребите на партијата“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он