СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ, против проектите кои се во интерес на скопјани ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани пријави и потврдува дека е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ и нов мост на реката Вардар во Скопје, вели СДСМ во реакција на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Ова е нов обид на ВМРО-ДПМНЕ да го сопре градњето на овој проект. Граѓаните знаат дека поради неодговороното однесување на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба и нивно противење да го поддржат предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, проектот сега чини 8 милиони евра повеќе.

Во поразената опозициска партија треба да знаат дека за подготвителни работи не е потребно одобрение и дека конечно, одобрението го издава Град Скопје. На ВМРО-ДПМНЕ му смета тоа што се градат проекти кои се во интерес на граѓаните.

На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти од кои завршуваа во џебовите на фамилијата. ВМРО–ДПМНЕ е против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата и намалаување на загаденоста во Скопје.

Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар на проектите и на се што е во интерес на граѓаните на Скопје.”, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра