СДСМ: На самиот Груевски му е јасно-неговото време заврши!  

Од:

„Никола Груевски цела недела се крие од јавноста и никако да одговори која е неговата улога во злосторничкото здружување.
 
Седум дена Груевски бегаше од новинарските прашања, се појавуваше само на претходно наместени настани за денеска кукавички да се крие зад интервју со нарачани прашања.
 
Наместо да се крие, Груевски да излезе јавно и пред граѓаните да каже која е неговата улога во ова злосторничко здружување, дали тоа е правено по негов налог.
 
Човекот којшто ја создаде политичката криза во Република Македонија, Никола Груевски, не може да зборува за нејзино решавање.
 
Политичката криза ќе заврши на слободни, фер и демократски избори на коишто граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја за промени, за слобода, демократија и европски вредности.

Избори на 24-ти април не може да има, тоа им е јасно на сите.
 
Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори кога ќе се исполнат условите, кога ќе се прочисти Избирачкиот список, кога ќе се спроведе регулација на медиумите.
 
Никола Груевски, човекот којшто ја згази демократијата и го создаде медиумскиот мрак, платен со милионски суми пари на граѓаните, не може да зборува за слободни медиуми. Никола Груевски сака медиумскиот мрак да го користи за спас на сопствената кожа.
 
Нападите на независните институции, коишто се создадоа во Република Македонија со Договорот од Пржино, го покажува стравот на Никола Груевски од слободно искажаната волја на граѓаните и стравот од соочувањето со одговорноста за криминалот на фамилијата.
 
Денешното интервју на Никола Груевски потврдува дека и на самиот Груевски му е јасно-неговото време помина, заврши.
 
Доаѓаат промени, промените ќе се случат на следните слободни, фер и демократски избори“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција