СДСМ: На Република Македонија и се случува недемократски системски крах

Од:

На Република Македонија и се случува недемократски системски крах.

Во Македонија се загрозени сите основни демократски права, загарантирани со Уставот, вклучувајки го и правото на слободно изразување.

Нема институција којашто не е под директна контрола на групата на власт на чело со Никола Груевски, вклучувајки и најголем дел од медиумите, како важна системска алка помеѓу државата, односно власта, и нејзините граѓани.

Затоа Фридом Хаус во последниот извештај ја рангира Македонија во групата со Кенија, Конго и Уганда, посочувајки дека само три поени ја делат земјава од категоријата држава со целосно неслободни медиуми.

Затоа според Репортери без граници, денес Македонија е падната за над 80 места според слободата на медиумите, во однос на 2009 година.

Затоа ОБСЕ/ОДИХР во Извештајот за последните претседателски и парламентарни избори, за прв пат толку директно, нотираше: контрола на владеачката партија врз најголем дел од медимуте, недостаток од политички анализи и независно истражување како широко распространета појава, пристрасно известување за власта, нерамноправно и небалансирано известување на јавниот сервис, Македонската Радио Телевизија.

Затоа, Македонија е единствената земја во регионот со казна затвор за новинар, за напишан текст.

Затоа Македонија е земја во којашто медиумите работат под тешката рака на инструментализираното судство, соочувајки се со огромни казни во илјадници евра.

Затоа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, наместо самостојно и независно регулаторно тело, е алат во рацете на власта за пресметка со малкуте медиуми, кои под сите овие околности, пркосат на браникот на професионалноста.

Социјалдемократскиот сојуз, на светскиот ден на слободата на медиумите, ги охрабрува медиумските работници да истрајат во обврската и одговорноста што ја имаат во општеството и кон јавноста, за професионално и објективно информирање.
Социјалдемократскиот сојуз порачува дека како одговорна политичка партија, ќе ги преземе сите неопходни мерки и чекори за враќање на слободата и демократијата во Македонија, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар