СДСМ: На овие избори излегуваме со најдобрата програмска и кадровска понуда

Од:

„СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори. Сите кандидати се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина. На овие избори СДСМ излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините“, соопшти СДСМ.

„Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период.

Граѓаните го препознаваат нашето посветено, домаќинско и одговорно работење, а еден од доказите за тоа се анкетите на кои СДСМ има убедливо водство пред останатите политички конкуренти.

За разлика од чесната и одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде, понуда во која ниту самиот Мицкоски не верува.

Огромен дел од нив се личности кои во времето на режимот биле на високи функции во државата.

Фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да најдат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ги очекува во главниот град, но и во многу други општини низ државата.

На граѓаните им е јасно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда. Затоа на 17 октомври ги очекува нов силен изборен пораз. Граѓаните одново ќе потврдат дека единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина е можен напредокот и развојот на општините“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“