СДСМ: На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им e пред луѓето и затоа набавуваше сомнителен инсулин

Од:

На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им беше, и се уште им е на прво место, пред граѓаните, затоа набавувала сомнителен инсулин, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како во своето режимско владеење така и денеска ВМРО ДПМНЕ се води од каузата профитот и провизиите пред луѓето.

За СДСМ квалитетот на лековите и здравјето на граѓаните е врвен јавен интерес и ништо не е поскапоцено од тоа.

Каузата на СДСМ е граѓаните на прво место.

Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.

Владата на СДСМ направи суштински реформи во здравствениот систем и сега пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини, а не како порано инсулини од сомнително потекло и не се знаеше дали функционираат или не.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени, бидејќи граѓаните не забораваат и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција и по 12 април.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“