СДСМ: На кого Регулаторна му обезбедила 2.1 милиони евра профит само во февруари

Од:

„Молчат сите надлежни институции за кражбата на граѓаните преку сметките за струја.
Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кратово 5-ти ден молчи зошто дозволуваат во Македонија да се увезува струја поскапа за неверојатни 41.7 проценти?!

Тоа се околу 2 милиона евра повеќе што месечно се извлекуваат преку сметките за струја на граѓаните!

Увозот на струја е неопходен поради намаленото домашно производство на струја.

Од 2006 до 2015 година производството на електрична енергија во Македонија е намалено за повеќе од 30 проценти!

Во 2015 година во Македонија се увезени 35 проценти од вкупните потреби!

Во 2014 година увезени се 38 проценти струја од вкупните потреби!

Прашањето е зошто ако цената на струјата на регионалните берзи е намалена за 20 евра по мегават час, Регулаторната комисија за енергетика дозволува во Македонија увоз по 51. 46 евра по мегават час?!

За чии интереси Регулаторната комисија за енергетика не ја нивелира цената на увезената струја во Македонија со регионалната, со што би се намалиле сметките за струја на граѓаните?

Во чии џебови завршуваат по околу 2 милиона евра пари на граѓаните месечно?

Според нашите информации постои притисок во медиуимите под контрола да не се објавува скандалот кој открива криминална енергетска мрежа“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници