СДСМ: На Груевски не му требаа 10 години за парцелите на Водно

Од:

„Мандатот на Никола Груевски завршува со предизборни празни ветувања.

За 10 години Груевски не изгради ниту еден студетски дом а сега ветува 3. Оправдувањето на Груевски е дека цели 10 години барал локација за студентски дом.

На Груевски не му требаа 10 години за да ги најде парцелите на Водно од над 11 илјади метри квадратни.

Јавноста слушна од проектот Вистината за Македонија како Никола Груевски со помош на Миле Јанакиевски експрено наоѓа парцели на Водно, како менува ДУП па ГУП, како наоѓа фирми за да го купат земјиштето.

Ова што го прави Груевски е потценување на сопствените граѓани, на младите, на студентите.

ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од вистината. Груевски најавува имагинарни инвестиции и празни ветувања во изборни цели.

А што се однесува до Струмица, фактите говорат дека е најуспешна општина во Република Македонија.

Тоа го препознаваат странските инвеститори а тоа го знае и самиот Никола Груевски, Струмица е најдоброто место за инвестирање во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он