СДСМ: На Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи правдата бидејќи ја знаат својата одговорност

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со соопштение реагира на прес-конференцијата на Антонио Милошоски, наведувајќи дека на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и пречи правдата затоа што ја знаела својата одговорност во предметот „Пуч“.

– Со вчерашната одлука на Специјалното јавно обвинителство, да се откаже од обвинителен акт против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и другите лица во таканаречениот случај „Пуч“ се потврди дека Груевски е фатен во обидот да монтира политички случај наречен „Пуч“, со надеж дека ќе се извлече од скандалот со нелегалното прислушување, за што сите патишта водат до него и неговиот братучед Сашо Мијалков. Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ затоа се единствените на кои им пречи независната институција Специјално јавно обвинителство, инаку формирана и со потпис на Груевски на Договорот од Пржино и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, пишува во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Антонио Милошоски е против вистината и правдата на голем христијански празник, а тоа покажува, смета СДСМ, дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „не само што е вовлечено во незаконски активности, туку нема никакво допир со христијанските вредности“.

– Граѓаните знаат дека соработникот на Груевски, Милошоски, го напуштил Никола Груевски уште пред да завршат изборите кога одлучил да работи нотар што е доказ за неговото лицемерие, посебно што продолжува да им се обраќа од двојна позиција нотар – пратеник, додека илјадници луѓе се оставени без работа и егзистенција, пишува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Милошоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он