СДСМ: На чекор до исполнување на едно од најважните ветувања – просечна плата од 30.000 денари

Од:

Владата предводена од СДСМ е на чекор до исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари велат од партијата во соопштение.

– Благодарение на успешните економски мерки што ги презеде Владата и во услови на глобална криза платите континуирано растат. Пензионерите годинава добиваат рекордно покачување на пензиите според Швајцарскиот модел, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари. Според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на јануари 2021 година. Покрај платите и пензиите, обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Над 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните и полесно справување со предизвиците кои ги носи глобалната криза, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО